Велигденска погача
Состојки
- 1 пресен квасец
- 700гр. брашно
- 350-400мл. јогурт
- 250гр. маргарин
- 2 лажици сол
- 3 јајца
- 50гр. сусам
Подготовка
Квасецот го оставаме да надојди и потоа го замесуваме со брашното, солта, 2 јајца и јогуртот.
Убаво месиме и го оставаме тестото да надојди. Кога ќе стаса го делиме на 8 пупалина и секое го сучиме и го премачкуваме со маргарин и ги редиме едно врз друго.
Кога ќе ги наредиме Од сите пупалина сучиме една голема кора ја премачкуваме и неа со маргарин и ја сечиме на 16 ленти.
Од секоја лента правиме кифле и секое кифле го сечиме на половина значи се добиваат 32 кифлина.
Кифлината ги редиме во намрсен калап, јас ги редам во повисоко тенџере и ги оставаме пак да стасаат.
Кога ќе стасаат премачкуваме со јајце и сусам и печиме на 200 степени околу 40 мин.
Ако сакате во секое кифле можете да ставите и сирење.