Брза чоколадна торта со шток
Состојки
- 120гр маргарин
- 440гр шеќер
- 200 гр чоколадо
- 50 мл. кафе
- 50 мл. шток (или друг алкохол по желба)
- 120 мл. млеко
- 1 лажица какао
- 230 гр. брашно
- 2 јајца
- 1 ванила
- 1 прашок за пециво
Подготовка
Го ставаме на оган млекото и во него го додаваме чоколадото, шеќерот и маргаринот оставаме да се растопи на тивок оган.
На крајот го додаваме кафето и штокот, оставаме да се излади околку 15 мин
Ја префрламе смесата во друг сад и го додаваме какаото мешаме со лажица и потоа ги додаваме јајцата, претходно изматени во посебен сад и мешаме убаво
На крајот постепено го додаваме брашното.
Се пече на 180 степени околу 40 мин
кога е готова тортата ја посолуваме со прав шекер