Испечати

Брза и лесна морков торта

Брза и лесна морков торта

Состојки

  • 3 јајца
  • 300гр. шеќер
  • 80мл. зејтин
  • 250гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 400гр. морков

Подготовка

Најпрво го рендаме морковот во посебен сад и го ставаме на страна.

Ги матиме јајцата и шеќерот убаво и потоа го додаваме зејтинот, изренданиот морков и на крајот брашното заедно со прашокот за пециво.
Мешаме се заедно додека смесата не се соедини и ете нашата торта е спремна за печење.

Се пече на 180 степени околу 35-40 мин. во зависнот од релната, јас ја проверувам со чепкалка дали е готова