Испечати

Корн дог

Корн дог

Состојки

  • 2/3 филџан брашно
  • 1/2 филџан палента
  • 1 лажица прашок за пециво (јас не ставив)
  • 1 чајна лажичка сол
  • 1/4 чајна лажичка сода бикарбона
  • 1/4 чајна чажичка лут црвен пипер (кај мене благ)
  • 1 јајце
  • 1/4 филџан млеко
  • 5-6 кремвишли
  • 4 лажици нишесте
  • дрвени стапчиња
  • масло за пржење

Подготовка

Една идеја за доручек...

Се мешаат сувите состојки без нишестето. Јајцето и млекото се матат и се додадваат на сувата смеса. Се меша убаво и се остава 10 минути да одстои.

Виршлите се забодуваат на стапчиња, се валкаат во нишестето, па во смесата и се пржат на умерен оган, во сад полн со масло додека не поруменат.