Слатко од зелени смокви
Состојки
- 2 кгр зелени смокви
- 6 кгр шеќер
- 1 лимон
- 400 мл вода за шербет
Подготовка
Прво смоквите се чистат од дршките, потоа на неколку места се боцкаат со вилушка или игла.
Се ставаат во тенџере, се налеваат со вода и се ставаат на загреана рингла да провријаат по еден клуч.
Се истура водата во која вриеле, се налева нова вода и пак провриваат.
Оваа постапка се повторува 9 пати.
Потоа во друго тенџере се става шеќерот заедно со водата да се соединат.
Кога ќе почни да врие шербетот се додаваат исцедените смокви.
Слаткото се вари до саканата густина, односно околу 30-40 минути. На крај се додаваат кругови лимон.
Се покрива тенџерето со влажна крпа и така стои 12 часа.
Потоа слаткото се збира во чисти тегли.
Напомена- останува од шербетот околу 500 мл, па јас го собрав во чиста тегла и го користам во подготовка на колачи.
Слатко кое бара повеќе време за подготовка, но навистина вкусно.
Домашно си е домашно.