Испечати

Јајца од сирење

Јајца од сирење

Состојки

  • 400гр. младо сирење
  • 250гр. павлака
  • 1 зелена пиперка
  • 1 црвена пиперка
  • пола лажичка сушен мајоран
  • пола лажичка сушен магданос
  • пола лажичка сушено нане
  • по потреба сол и црн пипер

Подготовка

1. Измешајте го сирењето со павлаката.
2. Зачинете со зачините и убаво промешајте.
3. Измијте ги пиперките и ситно исечкајте ги.
4. Обликувајте јајца од приготвената смеса од сирење и внимателно извалајте ги во исечканите пиперки.
5. Оставете ги да се изладат 2 часа и послужете.
Мене најмногу ми се допаѓаат со салата од домати како предјадење.