Испечати

Триаголничиња од суво овошје (без шеќер)

Триаголничиња од суво овошје (без шеќер)

Состојки

  • 100 гр суви смокви
  • 100гр урми
  • 100 гр сува брусница
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр суви кајсии
  • 130 гр растопено црно чоколадо
  • 130 гр мелен орев

Подготовка

Прво на машина за месо се мели цело суво овошје.
Се додаваат оревите, чоколадото и кората од портокал.
Убаво се изработува со рака и се прават форми по желба.
Јас правев триаголничиња.
Се декорираат со 50 гр растопено бело чоколадо.