Испечати

Прилог од ориз и грашак со бешамел сос

Прилог од ориз и грашак со бешамел сос

Состојки

  • 120 гр ориз со долго зрно
  • 1 грст грашок
  • 1 младо кромидче
  • 50на мл вода
  • зачини- мешан зачин, црн бибер, оригано
  • 80 мл готов бешамел сос
  • малку маслиново масло

Подготовка

Немате време, а треба да се јади. Еве еден предлог од мене за приготвување на брз прилог, кај нас во додаток со домашен (ама купен) колабас и свежа салатка.

Сецканото кромидче го запрживаме на малку маслиново масло, колку да омекни. Се додаваат предходно сварените ориз и грашак, се меша и се додава околу 50 мл вода, ако е потребно и малку повеќе (зависно колку е сув оризот. јас користев инстант од ќесичка). Веднаш потоа се додава готовиот бешамел сос, се зачинува и се меша над оган 2-3 минути, зависно колкава густина на прилогот сакате да добиете.

* Ако се користи грашок од конзерва, секако нема потреба од негово предходно варење. Времето на варење на оризот во овој случај е 15 мин. Користен е ориз со долго зрно кој се вари во ќесичка.