Испечати

Dulce de leche торта

Dulce de leche торта

Состојки

  • две кори
  • 4 белки
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица густин
  • 2 лажици кокос
  • Една кора
  • 8 жолчки
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажички какао
  • 125мл млеко
  • 100мл зејтин
  • 8 лажици брашно
  • 2 лажици густин
  • 1 прашак за пециво
  • карамел крем
  • 200гр шеќер
  • 2 лажици вода
  • 200мл слатка павлака
  • 20гр маргарин, малку сол
  • жолт фил
  • 500мл млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 100гр шеќер
  • 2 лажици густин
  • 100гр бела чоколада
  • 150мл слатка павлака
  • црн фил
  • 500гр млеко
  • 1 пудинг од чоколада
  • 100гр шеќер
  • 2 лажици густин
  • 100гр црна чоколада
  • 150мл слатка павлака

Подготовка

Убав предлог за велигденските празници.....
Подготовка
1. Реrната ја вклучуваме на 180 степени, жолчките ги делиме од белките. Четири белки ги матиме со миксер кога смесата ќе се згусне додаваме четири лажици шеќер и повторно матиме. Откако ќе добиеме густа пена ги додаваме брашното, густинот и кокосот со шпатула мешаме. Смесата ја сипуваме во обложено тавче со хартија број 26. Подготвуваме две кори.
2. Жолчките ги матиме со шеќерот додаваме млеко и зејтин додека сувите состојки брашното, какаото и прашакот за пециво предходно ги мешаме и полека мешајќи со шпатула ги додаваме во смесата. Печеме во тавче број 26 на 180 степени половина час. Ова тесто го сечеме да ни излезат две идентични теста.

Подготовка на карамелот
Шеќерот и водата ги ставаме на шпорет и полека загреваме додека не добиеме убава карамел со златно-црвенкаста боја. Морам да споменам шеќерот треба да се стопи убаво да нема грутчиња, тргнета ја смесата на страна. Во карамелот додадете го маргаринот повторно вратете на шпорет и полека додавајте ја топлата слатка павлака и солта. Филот оставете го да крчка пет минути на умерена температура, изладете го.

Подготовка на жолтиот фил
Од млекото оделуваме 200мл и во него го додаваме пудингот, шеќерот и густинот и оваа смеса ја сипуваме полека во зовриеното млеко да добиеме густ крем. Во кремот ја додаваме белата чоколада промешуваме и оставаме да се излади.

Подготовка на црниот фил
Целата постапка ја повторуваме како со жолтиот фил но овде користиме чоколаден пудинг и црна чоколада оставаме да се излади.

Слатката павлака 300мл ја матиме и ја додаваме по половина на двата фила.

Филувањето може да биде по ваша желба јас почнав со бело тесто-црн фил, црно тесто-бел фил, бело тесто-црн фил, црно тест и на крај бел фил од горе ја сипав карамелата.

Забелешка
Врз секое тесто нанесете тенок слој од карамелата, па тогаш нанесете го филот.
Добар апетит!!!