Испечати

Тирамису

Тирамису

Состојки

  • 5 жолчки
  • 2 ванили
  • 150гр. шеќер во прав
  • 10гр. желатин
  • 3 лажици млака вода
  • 500мл. шлаг пена
  • 500гр. маскарпоне сирење
  • 500гр. долгнавести бисквити
  • 100мл. варено кафе
  • 3 лажици рум или ликер Амарети
  • 3 лажици какао

Подготовка

Започнуваме со биење на жолчките на пареа со шеќерот во прав и ванилите и потоа го додаваме желатинот претходно растопен во водата (значи желатинот го додаваме кога ќе набубри).
Шлагот го биеме со миксер и го додаваме крем сирењето и потоа филот со жолчките го додаваме во маскарпонето и шлагот и се убаво биеме со миксер додека не добиеме изедначена смеса.
Бисквитите ги натопуваме во сварено и цедено кафе во кое сме додале рум или ликер и редиме едн ред бисквити и над нив фил. Вака редиме се додека имаме бисквити и фил. Завршуваме со фил и над филот просејуваме какао.
Тирамису десертот можи да се направи и со друго крем сирење не мора да е маскарпоне.