Испечати

Семафор торта со фил од мед

Семафор торта со фил од мед

Состојки

  • За пандишпан(една кора)
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • прехрамбени бои црвена и зелена и 1 прашок за печиво за сите 3 кори
  • За фил
  • 4 јајца
  • 650мл. млеко
  • 6 лажици брашно
  • 3 лажици мед
  • 100гр. квалитетно бело чоколадо
  • 2 кесички ванилен шеќер
  • 250гр. путер на собна температура
  • За украсување
  • 200гр. конфети од чоколадо или рендано чоколадо

Подготовка

Идејата за обоени кори ја видов по нетов, па желбата за есперимитирање не недостигаше.
Рецептот го прилагодив по тоа што имав моментално дома, а од крајниот ефект сум доста задоволна. Следниот пат најверојатно ќе се усоврши повеќе.

Подготовка на пандишпанот
Рерната загрејте ја на 180 степени.
Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките.
Белките со 1 лажица шеќер ги матиме со миксер додека не се се растопи шеќерот. Исто и жолчките ги матиме со 1 лажица шеќер додека не се растопи шеќерот.
Изматените белки и жолчки ги соединуваме и мешаме со лажица додека смесата не стане хомогена, потоа ги додаваме и брашното и прашокот за печиво (кој притоа сме го поделиле на 3 еднакви дела за трите пандишпана) и мешаме уште со лажицата додека смесата убаво да се соедини.
На крај ја додаваме и прехрамбената боја (пр.во првата црвената и.т.н) само во жолтиот пандишпан не додаваме боја и мешаме додека смесата не стане хомогена. Печиме 15 минути.
На ист начин ги подготвуваме трите пандишпана.

Подготовка на филот
Јајцата и ванилниот шеќер ги матиме со жица за матење, потоа го додаваме брашното и млекото и матиме додека сместа не стане хомогена. Смесата ја префрламе во тенџере на оган и машаме континуирано додека не се згусти. Ја тргаме од оган и оставаме да се излади. Путерот го матиме со миксер додека не стане пенест, потоа во садот го додаваме и медот и матиме уште додека не стане хомогено. Во садот кај путерот го додаваме и изладениот крем и матиме со миксерот додека не се соедини.
Пандишпаните и филувањето го правиме по следниов редослед
црвен пандишпан+фил+жолт пандишпан+фил+зелен пандишпан и на крај целата торта ја премачкуваме со преостантиот фил. Украсуваме со конфети од чоколадо, а ако немате направете го тоа со крупно рендано чоколадо.