Посна кростата со фил од јаболка
Состојки
- Тесто
- 200 гр маргарин
- 400 гр брашно
- 170 гр шеќер
- 1 ванилен шеќер
- рендана кора од 1 лимон
- сок од половина лимон
- 1 лажиче прашак за пециво
- 8-10 лажици вода
- Фил
- 4 (630 гр) јаболка
- по 50 гр мелени ореви, лешници и суво грозје
- 85 гр мелени бисквити - посни
- 1 лажица пињоли
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица мед
- по желба цимет
Подготовка
Најпрво се замесува тестото.
Во сад се ставаат сите состојки и се меси додека се добие изедначено мазно тесто. Потоа се витка во најлонска фолија и се остава во фрижидер околу 40 мин.
За тоа време се подготвува филот.
Јаболката се лупат и се рендаат на крупната страна од рендето. Се додаваат сите останати состојки и се мешаат да се изедначат.
Се зема тестото, се остава околу 1/4 за украсување, а другиот дел на набрашнета површина се развлекува кора во големина ка калапот бр.28. Кората се реди во калапот претходно намачкан со малку масло и посипан со брашно, се подрамнува по ѕидовите а дното убаво се боцка со вилушка за да некрева тестото при печењето.
Се става филот, се рамни по целата површина и се украсува со лентички од оставеното тесто.
Се печи во загреана рерна на 180 степени околу30-35 минути додека добие кремаста боја.
Оставете ја да олади и потоа послужете ја.