Полнети домати - Урнебес
Состојки
- 10 црвени домати
- малку сол
- За фил
- 1 помала главица кромид
- 250гр. бело сирење
- 200гр. шунка
- 1 јајце
- 125гр. мајонез
- малку магдонос
- по потреба црна пипер
- неколку црни маслинки
Подготовка
На доматите им одсекуваме по малку од горниот и долниот дел, ја длабиме внатрешноста, малку посолуваме (од внатре) и превртени надолу ги оставаме да отстојат 30 мин., на платнена салфетка.
Во меѓувреме го спремаме филот.
Ситно ја сецкаме главицата кромид, на тоа го додаваме сирењето кое претходно сме го изрендале, па саламата, која ситно сме ја исецкале, јајце варено исто ситно сецкано, се мешаме и поврзуваме со мајонезот, го додаваме сецканиот магдонос и црна пипер. Ја промешуваме уште еднаш смесата, да се изедначи.
Ги полниме исцедените домати...
Декорираме со маслинки...
Одлично аперативче....