Брза Капри торта
Состојки
- 1 пакување готови кори
- потребно за крем
- 1 ,5 л сок од јагода (тетрапак)
- 10 лаж шеќер
- 5 пудинг од јагода
- 2 пакувања маргарин (вкупно 500гр)
- 250 гр шеќер во прав
- За премачкување на корите
- 200 гр шеќер во прав
- 500 мл слатка павлака
Подготовка
Подготовка на кремот.
Од сокот 1,200 мл ставаме да зоврие заедно со шеќерот.
Во преостанатите 300 мл го раствараме пудингот кој го додаваме во врелиот сок и мешаме додека да се згусти, а потоа тргаме да се излади пудингот.
Оладениот пудинг го соединуваме со претходно изматен маргарин со прав шеќер.
Го растопуваме чоколадото и ги премачкуваме корите.
Филуваме кора, крем, изматена слатка павлака, кора и така до крај .