Крофни
Состојки
- 1 пресен квасец
- 800гр. брашно
- 150мл. масло
- 1/2 литар млако млеко
- 1 ванила
- 1/2 лимон(кората рендана)
- 150гр. шеќер
- 50гр. шеќер во прав
Подготовка
Го зафакаме квасецот и кога ќе стаса ги додаваме сите состојки и месиме тесто.
Тестото го месиме меко и го оставаме да стаса.
Потоа сучиме кора и со помош на чаша сечиме форми и ги оставаме пак да стсааат.
Стасаните форми ги пржиме во врело масло и ги оставаме на хартија да се впие непотребната мрснотија.
Потоа ги валкаме во шеќер во прав и чоколаден прелив.
Да додадам дека 150мл.масло е за во тестото,а за пржење немам поим уште колку употребувам,ама сигурно повеке од 150мл.