Испечати

Кифли-грклани

Кифли-грклани

Состојки

  • 1кг. брашно
  • 1 пресен квасец (се активира дирекно во садот во кој ќе се меси, се додава 1 лажиче шеќер и топла вода)
  • 2 лажичиња сол
  • 3-4 лажичиња шеќер
  • 2 белки (жолчките за премачкување)
  • 1 кисела павлака
  • 12 лажици масло
  • 1 лажица винска киселина
  • по потреба топло млеко
  • малку црвена пипер за манџа
  • по потреба француска салата
  • 10 метални калапи за грклани

Подготовка

Декоративни, вкусни кифли кои заслужуваат да се најдат на секоја трпеза...

Просеаното брашно го ставаме во длабок сад за месење. Правиме кратер и во него го рониме пресниот квасец, го додаваме шеќерот и топла вода онолку колку што треба за да се добие густа кашеста маса. Оставаме да се активира. Потоа во него ги додаваме останатите состојки и со топлото млеко замесуваме средно, меко тесто. Оставаме да го дуплира волуменот.
Од надојденото тесто, отвораме кора со дебелина од еден прст. Сечиме ленти со ширина од 2цм., а должина околу 40цм. или колку што ви се долги калапите за грклани.
На малку намрсените калапи, почнувајќи од потесниот дел се мотаат лентите тесто.Се ставаат во намрсен плех. Се премачкуваат со жолчките разматени со малку млеко.Преку цедалка за чај ги наросуваме, по малку, со црвен пипер.
Ги оставаме повторно да надојдат од 20-30мин.
Ги ставаме да се печат во загреана рерна 17 мин. на 200 Ц.степени.
После печење благо ги премачкуваме со масло или маргарин. Ги вадиме од калапите и ги виткаме во памучна крпа и најлон да одат кај мајка му, така велеше мојата баба...
Кога ќе оладат се полнат со салата. Во мојов случај е француска, а вие по ваша желба...
На здравје!!!