Испечати

Мини тортички (капкејкс) со вкус на кафе

Мини тортички (капкејкс) со вкус на кафе

Состојки

  • тесто
  • 1/4 чаша омекнат путер
  • 3/4 чаша шеќер
  • 1 јајце
  • 1 чаша брашно
  • 1/4 чаша какао
  • 1/4 мала лаж сол
  • 1/2 мала лаж сода бикарбона
  • 1/4 чаша јако подготвено инстант кафе
  • 1/4чаша млеко со поголема масленост
  • 1/2 мала лаж прашок за пециво
  • Глазура
  • 1 пакување шлаг крем
  • 1/2 чаша несолен путер
  • 4мл омекнато крем сирење
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 5 лажици шеќер во прав
  • 2 лажици млеко

Подготовка

Мафини или мини тортички?
Навидум исто, а сепак различно.

1. Во помал сад се меша брашно, како, сол, сода бикарбона и прашакот за пециво.
2. Во друг сад се меша кафето и млекото и се остава на страна.
3. Во поголем сад со миксер се мати омекнатиот путер и шеќерот околу 5 минути, додека не се добро соединат. Се додава јајцето и се продолжува со матење.
Наизменично додаваме од првиот и од вториот сад (3 додавања наизменично) и матеме добро средна јачина додека да се соедини целата смеса.
4. Се става во калапи за мафини, се полнат 3/4 и се печат во загреана рерна на температура од 170 степени, 15-18мин. Кога ќе се испечат се остават целосно да се оладат.

Глазура
Се мати путерот и крем сирењето околу 3 минути, додека да омекнат. Се додава екстрактот од ванила, шеќерот во прав и млекото и се мати уште 5 мин.
Подготвената глазура се става во готварски шприц. Се прави еден круг покрај надворешноста на мини тортичките. Со подготвената глазура, внатрешноста на кругот се исполнува со претходно спреманиот шлаг крем.

Дополнително можете да украсете со чоколадни мрвици, парчиња чоколадо или сами да си направете фигури по ваша желба.

Од оваа количина излегуваат околу 15 мини тортички. Доколку немате силиконски модли за печење, не ги печете директно во садот, ставете им хартиени корпички.