Испечати

Посен нутела крем (без масло)

Посен нутела крем (без масло)

Состојки

  • Темен дел
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 250мл. вода
  • 2-3 лажици шеќер
  • 1 лажица какао
  • 150гр. мелени овесни снегулки
  • 75гр. печени мелени лешници
  • Светол дел
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2-3 лажици шеќер
  • 250мл. вода
  • 150гр. мелени овесни снегулки
  • 75гр. печени мелени лешници

Подготовка

Рецетот ми го даде другарка ми Бубе, која прв пат пости годинава. Пребарувала по интернет и наишла и на овој рецепт. Оригиналниот рецепт е само со лешници, но нели да бидеме малку економични =))). Не излегува многу, а го снемува за миг. Ќе посакате да го направите повторно.

1. Во два сада на оган ставете ја водата, шеќерот и соодветно ванилиниот шеќер и какаото во едниот и во другиот сад. Претходно од водата одвојте малку за да го растворите пудингот. Кога ќе зоврие водата ставете го пудингот и мешајте додека не згусне. Ќе добиете прилично густа смеса.
2. Претходно смелените овесни снегулки и лешници на кратко изблендирајте ги за убаво да се соединат.
Во зависност колкав блендер имате може да ги поделите смесите или да правите се заедно. Едноставно само ставете ја сувата смеса, додадете го чоколадниот пудинг и убаво избледирајте додека се добие кремаста смеса, Ќе добиете прилично густ крем, може да додадете малку вода и да си ја прилагодите густината. Истото направете го и со ванила смесата. Кремот е готов.
Пожелно е да го оставите малку да стои за да се спојат вкусовите. Може да си намачкате на парче леб, а исто така може да го користите и како крем за посни колачи.

Добар апетит =)

* По желба може да пробате и со други јатки, да ставите зачини, кора од лимон или портокал ... верувам дека и така ќе биде супер.