Брз овошен десерт (без печење, посно)
Состојки
- 125 гр бисквити (посни за посната варијанта)
- 250 гр шеќер
- 500 гр јагоди
- 2 пудинга од ванила
- 200 мл слатка павлака (од растително потекло за посната варијанта)
Подготовка
Дојде на ред и еден освежителен рецепт кој го научив од мојата свекрва.
1. Бисквитите ги редиме во тавче или некој друг помал сад.
2. Водата и шеќерот треба да зовријат, па ги додаваме јагодите. Вака смесата треба да врие некои 10 минути.
3. Се разматуваат пудинзите со малку вода и се додаваат во шербетот со јагодите. Кога смесата ќе згусне се истура врз бисквитите.
Се остава да се лади, за да се стегне убаво. Најдобро е навечер да се направи , а наредниот ден да се исфилува со шлаг крем.
Забелешка
Овој колач најчесто го правам со јагоди, ама може и со друго овошје. Сега користев смрзнати јагоди.