Пилешко во крем сос
Состојки
- 1 кг пилешки копани или батаци
- 2 лажици кечап (благ или лут)
- 250 мл крем за готвење (полимарк)
- 250 мл пилешка супа
- 1 лажица полна брашно
- 2 главици кромид
- 2-3 чешчиња лук
- по вкус сол и бибер
Подготовка
Пилешкото месо го миеме и бришеме со крпа.
Потоа секое парче го посолуваме и побиберувме, премачкуваме со кечапот.
Во тава со масло го пржиме кромидот грубо исечен до светло кафеава боја. Кога е испржен го вадиме и можеме да го тргнеме на страна, повеќе нема да ни треба.
Во тавата го ставаме пилешкото месо и го пржиме од двете страни до светлокафеава боја.
Откога е готово месото го вадиме.
Во маслото ја додаваме супата и кремот за готвење мешаме и го додаваме брашното кое претходно сме го испржиле во сува тава до светло кафеава боја.
Го додаваме лукчето згмечено и промешуваме. По потреба додаваме сол и бибер.
Во тава за печење го редиме месото и го сипуваме сосот. Печеме во релна на 200 степено. Додека батаците се испечат.
За супа користев 250 топла вода во која растворив 1 пилешка коцка за супа.