Испечати

Свинско со печурки и кашкавал

Свинско со печурки и кашкавал

Состојки

  • 200 гр пилешки стек
  • 400 гр свинско каре
  • 150 гр печурки буковки
  • 250 гр печурки шампињони
  • 2-3 главици кромид
  • 1 лажичка јадра сол
  • малку црн бибер
  • 1-2 лажици мешан зачин
  • малку мелен кари зачин
  • по потреба масло за јадење
  • 4-5 листа млечен кашкавал
  • малку оригано
  • 100 мл бело вино

Подготовка

1. Кромидот ситно се сечка и се пропржува на масло за јадење
2. Се додава месото сечкано на покрупни коцки и тоа се пропрчува малку
3. Се додаваат печурките
4. Се зачинува се заедно
5. Во сад за печење се истура смесата
6. Се додава белото вино
7. Се редат листовите кашкавал озгора
8. Се попрскува малку со оригано
9. Се става да се пече во загреана рерна на 200 С во покриен сад со капак или со фолија