Маркиза со јагоди
Состојки
- 2 пакувања пишкоти
- 1 прелив за торти со вкус на јаготка
- Крем 1
- 3 прашок за пудинг со вкус на јагоди
- 900 мл млеко
- 10 лажици шеќер
- 3 лажици кисела павлака
- 180 гр маргарин
- Крем 2
- 350 мл слатка павлака
- 350 гр јаготки
- 3-4 лажици шеќер
Подготовка
За првиот крем, вариме пудинг со одредената количина на млеко. Кога ќе олади се додава изматениот маргарин со киселата павлака и добро се измешува.
За 2 крем, на изматената слатка павлака се додаваат пасираните јагоди и шеќерот. Оставете и по некое покрупно парче.
Пишкотите се редат на дното на калапот за торта и по ѕидовите. Над нив се истура првиот крем, а потоа вториот. Најгоре се декорира со половинки или цели јагоди кои се преливаат со преливот за торта, приготвен спрема упатството.
Доколку сметате дека има потреба, додајте и еден шлаг фикс за цврстина. Кај мене немаше потреба.
Тортата треба да одстои во фрижидер пред да се служи.