Испечати

Мари торта со 3 фила

Мари торта со 3 фила

Состојки

  • ЗА ПАНДИШПАН
  • 9 белки
  • 240 гр шеќер
  • 1 лажица оцет
  • 200 гр сечкани ореви
  • 1-2 лажици брашно
  • ЗА ЖОЛТ ФИЛ
  • 350 гр маргарин
  • 350 гр шеќер во прав
  • 18 жолчки
  • 250-300 гр мелени бисквити
  • ЗА КАФЕН ФИЛ
  • 1200 мл млеко
  • 6 чоколадни пудинга
  • 9 лажици шеќер
  • 450 гр чоколадо
  • 350 гр маргарин
  • 350 гр шеќер во прав
  • 9 жолчки
  • ЗА БЕЛ ФИЛ
  • 6 шлаг пени од ванила
  • малку рум ( по желба,а може и без него)

Подготовка

Подготовка на пандишпанот

1. Белките се матат со шеќерот, а откако ќе се исклучи миксерот се додаваат сите останати состојки
2. На тава од рерната, обложена со хартија за печење, се истура смесата и се пече на 180 С околу 20 мин
3. Се печат 3 вакви теста од по 9 белки од јајце

Подготовка на жолт фил

1. Маргаринот се мати со шеќерот во прав
2. Во него, една по една се додаваат жолчките
3. На крај се додаваат мелените бисквити (некогаш зависи од големината на жолчките, филот може да е и потечен, па затоа ставајте ги жолчките една по една)
4. Се остава овој фил во фрижидер да отстои и да се излади

Подготовка на кафен фил

1. Млекот со шеќерот и разматениот пудинг се варат во пудинг
2. Чоколадото се растопува
3. Маргаринот се мати во посебен сад
4. Жолчките се варат на пареа со шеќерот во прав
5. Откако ќе излади пудингот, во него се додаваат и варениот фил од жолчки, растопеното чоколадо и изматениот маргарин и се заедно се соединува во жолт фил

Подготовка на бел фил

1. 400-500 мл блага павлака се мати и се користи како бел фил. ( Ова може да се замени и со 6 шлаг пени или шлаг кремови, кои се матат според упатството за матење кое е пропишано на кесичките од шлаг пените односно кремовите

Тортата се реди пандишпан, па жолт фил, па кафен фил, па бел фил., потоа пак се става пандишпан и сите три фила по редослед повторно....до три пати...најгоре се покрива тортата матена слатка павлака на Полимарк.