Блага суканица со тиква
Состојки
- ЗА ТЕСТОТО
- 500 гр брашно
- 1/2 квасец свеж
- 2-3 лажици шеќер
- прстофат сол
- 70 мл масло за јадење
- 5-6 капки вински оцет
- по потреба топла вода
- ЗА ФИЛОТ
- 300 гр тиква
- 150-200 гр шеќер
- 3-4 лажици гриз
- малку масло за јадење (за запржување на тиквата)
Подготовка
1. Квасецот се остава да стаса со малку топла вода
2. Брашното и сите други состојки, зедно со квасецот се замесуваат во тесто
3. Без да се остава да стаса, односно да одмори тестото, се дели на топчиња
4. Секое топче се рассукува во кора, која јас и малку ја растегнувам со прстите, па така не е ни сукано ни тегнато, туку нешто измеѓу
5. На секоја растегната кора се попрскува од филот и се витка во ролничка
6. Секоја кора-ролна се врти во намрсено тавче во кругови
7. На крај се попрскува целата суканица со кристал-шеќер
8. Се остава околу 40-50 ммин да одмори суканицата
9. Се пече на 180 С во загреана рерна.
10. Откако ќе се испече кората, се посипува со прав шеќер
ФИЛ
1. Тиквата се ренда на крупно ренде
2. На малку масло за јадење се пропржува тиквата
3. Откако ќе омекне таа малку, се додава шеќер по желба (може да си ја зголемите или намалите дозата на шеќерот која јас ја ставам, во зависност од тоа кој колку блажина сака)
4. Се додава гризот и се пропржува уште 10-тина минути