Мајонезна (руска) салата
Состојки
- 500 гр Варени компири
- 4-5 варени јајца
- 100 гр шунка сечкана на коцки
- 100 гр варен грашок
- 2 варени моркова исечкани на коцки
- 150 гр кашкавал сечкан на коцки
- 500 гр мајонез Полимарк
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче мешан зачин
- 1/2 лажиче сенф (а може и без него)
Подготовка
1. Варените компири се сечкаат на ситни коцки, а исто и шунката и кашкавалот
2. Јајцата се рендаат на покрупно ренде
3. Морковите ситно сечкани на коцки се варат со грашокот, се цедат од водата и се додаваат на смесата со компири, јајца и кашкавал
4. Се зачинува ова
5. На крај се додава сенфот и мајонезот од Полимарк (може и посен )
6. Се сервира во чинија и се декорира