Старата добра мусака
Состојки
- 500 гр мелено месо (мешавина од свинско и телешко месо)
- 500-600 гр компири
- 2 главици кромид
- 2 моркови
- 200 мл павлака со 20% масленост
- 3 јајца
- 1 лажичка јадра сол
- 1-2 лажици мешан зачин
- по потреба масло за јадење
- малку црн бибер
- 150 мл вода
Подготовка
1. Ситно исечканиот кромид со ренданиот морков се запржуваат да омекнат малку
2. Во омекнатата смеса од морков и кромид, се додава меленото месо да се запржи малку
3. Се зачинува
4. Компирите се лупат и се сечат на кругчиња, па се додаваат во смесата со меленото месо и заедно се запржува со него
5. Во земјена тава или сад со капак, со малку масло, се истура смесата од компири и мелено месо
6. Се става и вода околу 150 мл врз смесата
7. Се става во рерна на 250 С да се пече
8. Откако ќе испари течноста, се додаваат претходно матените јајца со павлаката и со оваа смеса се полева мусаката
9. Се става назад во рерната уште 5-10 мин да се допече, да фати коричка одозгора и се служи