Бајадерче од кикирики
Состојки
- 500 гр. шеќер
- 300 гр. маргарин
- 175 мл млеко
- 500 гр мелени бисквити
- 200 гр мелени кикиритки (или мелени лешници или мелени ореви )
- 1 лажица какао
- ЗА ГЛАЗУРА
- 200 гр. чоколадо
- 2-3 лажици масло
- 20-30 гр бело чоколадо за декорација
Подготовка
1. На оган во тенџере се става да се стопат маргаринот, млекото и шеќерот.
2. Оваа смеса се додава во садот со мелените бисквити и мелените кикиритки (или ореви или лешници). Јас користам несолени, бели, непечени кикирики, за десерти.
3. Се соединува смесата. Се дели смесата на два дела - во едната се додава какаото.
4. На стреч фолија во едно тавченце или послужавник, се става прво кафената смеса и се измазнува.
5. Врз неа се додава и белата смеса и се израмнува и таа.
6. Се остава бајадерата да се излади и стврдне.
7. На крај, се првртува бајадерата наопаку - од помазната страна се полева со црно чоколадо(глазура).
8. Може да се декорира со тенки линии од бело чоколадо.
9. Се сечат мали правоаголничиња - бајадерки и се служат во хартиени корпици.
10. Јас направив една со лешници и една со кикирики и двете ги полеав со различно чоколадо - црно и бело
.... Може да биде целата бела бајадера, без да се додаде какаото во половината од смесата и да се полее со бело чоколадо и декорира со линии од црно чоколадо.
ГЛАЗУРА
1. Црното чоколадо со маслото за јадење се става во сад на огин и се растопува, а со него се полева целата бајадера
2. Во друг сад се растопува и белото чоколадо со 1 лажица масло за јадење, кое ќе служи за декорација на бајадерата