Крцкави нугат кошнички
Состојки
- 100 гр бадем
- 100 гр лешник
- 100 гр орев
- 200 гр црно чоколадо
- 250 гр еурокрем
- 1 лажица масло
- 50 хартиени корпи
Подготовка
Прво во рерна се запекуваат околу 15 минути бадемите, оревите, лешниците.
Потоа се сецкаат да бидат покрупно исецкани.
Во друг сад на тивок оган се ставаат маслото, чоколадото и еурокремот да се растопат.
Кога ќе се изедначат се додава сецканото јаткасто овошје.
Убаво се промешува.
Со помош на 2 лажички се става во хартиени корпи.
Се оставаат 2 часа да се стегнат.
По желба се наросуваат со златна прашина.
Е кога сме кај златната прашина ве замолувам за одговор, дали некој знае колку е рокот на оваа прашина.
Бидејки на самото ќесе нема декларација кога ја купувам.