Испечати

Слатки кекси со сусам

Слатки кекси со сусам

Состојки

  • 250гр маргарин
  • 150гр шеќер во прав
  • 1 јајце + 1жолчка
  • 2кесички ванилин шеќер или 1лажичка екстракт од ванила
  • 400гр брашно
  • 1лажца мелен сусам
  • за премаз
  • 1 белка
  • 50гр мелен сусам
  • 100гр чоколада за декорација

Подготовка

Се замесува тесто од сите состојки и се остава во фрижидер да одстои околу 2 часа.
По 2 часа тестото се меси и се дели на 2 дела.
Од секој дел се прави ролат од кој се сечат тенки парчиња. Секое парче се валка во разматена белка и се посипува со сусам, па се реди на хартија за печење.
Кексите се печат околу 6-8 минути на 180 степени. Кога се готови се меки, но кога ќе се оладат се стврднуваат. Времето на печење зависи од вашиот шпорет и затоа прилагодете го, но внимавајте да останат посветли.
Одкако ќе се испечат сите кекси се растопува чоколадата и се декорираат вкус.