Посни слатки компир кнедли
Состојки
- 3 средни компира
- 2 лажици шеќер
- прстофат сол
- 1 ванилин шеќер
- малку цимет
- по потреба брашно
- мармалад по желба
- за валкање шеќер, цимет, каранфилче, морско оревче
Подготовка
Еден познат стар рецепт, но во посна варијатна. Оригиналниот се прави со класично компир тесто, јајца и малку путер, но и вака строго посни кнедлите се одлични, тестото воопшто не се распукува. Вообичаено се поланат со овошје, најчесто сливи, но и тоа е по желба. Кај мене се полнети со мармалад од смокви.
1. Компирите сварете ги и испасирајте да нема грутки. Додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, солта и циметот (или зачини по желба) и убаво измешајте. Постепено додавајте брашно за да добиете меко и малку лепливо тесто.
2. На набрашнета површина развлечете кора со дебелина 2-3мм и вадете форми со чашка или модла. Во средината ставете малку од мармаладот и формирајте топче или перниче.
3. Во поголем сад на оган ставете вода да зоврие. Садот да биде 3/4 наполнет со вода. Кога ќе почне да врие ставајте од кнедлите, но да не бидат повеќе од 8-10, во зависност од големината на садот. Намалете на потивко и оставете да се варат. Кога ќе испливаат на површина, продолжете со варење уште 4-5мин. па извадете ги на чинија да се ладат.
4. Во друг сад ставете шеќер и зачини по желба и убаво измешајте. Кога кнедлите се малку изладени извалкајте ги во шеќерот и послужете.
Добар апетит =)