Чорба од аспарагус - посна

Состојки
- 500 гр аспарагус
 - 2 (500 гр) компири
 - 1/2 главица кромид
 - 1 лажиче мајоран
 - 1 лажиче мешан сув зачин
 - 7 лажици масло
 - по вкус сол и бибер
 - 1,2 л вода
 
Подготовка
Најпрво на стапчињата аспарагус отстранете го долниот дел (околу 1 цм) и потоа со ноже за лупење компири излупете ги некаде до средината. Измијте ги, исечете ги на парчина од 1 цм и ставете ги во тенџере.
 Компирите излупете ги и исечени на коцки додајте ги во тенџерето. Додајте го и кромидот ситно исецкан, зачините, маслото и налејте ги со водата.
 Ставете ги да се варат околу 30 мин додека зеленчукот омекне и потоа изблендирајте го да се добие кашеста смеса.
 Чорбата послужете ја топла како предјадење или како главно со леб и свежа салата, јас така си ја јадев.