Испечати

Пилешко во павлака со ориз во кари сос

Пилешко во павлака со ориз во кари сос

Состојки

  • 300гр. пилешко месо
  • 2лажици маслиново масло
  • 20гр. путер
  • 1 лимон
  • 150мл. бело вино
  • 200мл. неутрален крем(павлака)
  • по потреба сол,црн пипер,ѓумбир
  • За оризот
  • 250гр. ориз
  • 2 лажици неутрален крем(павлака)
  • 1 лажица кари
  • 1 лажица брашно
  • 40мл. масло за јадење

Подготовка

1. Измијте го месото, избришете го и исечете го на тенки парчиња. Загрејте го маслото во тава и пржете го месото околу 10 минути. Извадете го месото и ставете го на топло.
2. Во мрснотијата каде што се пржеше месото додајте путер, сок од лимон, вино и неутралниот крем (павлаката), па кратко динстувајте. Зачинете со сол, црн пипер и ѓумбир. Додајте го месото и мешајте за да се соединат сите состојки.
3. Сварете го оризот. Во тава на оган попржете малку брашно на масло, додајте ги карито и павлаката и со овој сос прелијте го оризот.

Оризот распоредете го во чинии и во секоја додајте од месото.