Посен ориз со спанаќ
Состојки
- 250 гр ориз
- 500 гр исчистен спанаќ
- 1 морков
- 3 парчина зелен кромид
- по потреба масло
- по потреба вода
- по вкус мешан сув зачин, сол, бибер, морско оревче и мајоран
Подготовка
Кромидот и морковот исецкајте ги и запржете ги во тава со масло. Потоа додајте го оризот, измешајте и додајте ја водата и зачините. Оставете го да зоврие и откако ќе зоврие додајте го спанаќот претходно исецкан. Варете го и повремено промешајте додека течноста испари и оризот омекне.
Послужете го со салата по желба.
И овој ориз најчесто си го спремам за постиве. Па еве идеа, можеби и некој друг ќе сака да си го направи.