Испечати

Бело касато

Бело касато

Состојки

  • 500мл шлаг крем-полимарк
  • 250гр бела чоколада за готвење
  • 250гр шеќер
  • 100гр маргарин
  • 100гр шеќер во прав
  • 400гр кекс

Подготовка

Брз и едноставен рецепт, а прекрасен вкус.
На тивок оган се става да се растопи шеќерот. Во растопениот шеќер се истура 300мл од павлаката и се вари смесата додека се спои. Одкако ќе се растопи целиот карамел кон смесата се додаваат и чоколадите за готвење и смесата се трга да се олади.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и кон оваа маса се додава и преостанатиот шлаг крем-изматен.
Одкако ќе се олади карамелот се соединува со втората смеса и убаво се мати.
Кон целата смеса се додава искршениот кекс, се меша и целата смеса се истура во калап. Се завиткува со фолија и се остава 3-4 часа убаво да се стегне.