Испечати

Домашно тавче гравче со мисиркин батак

Домашно тавче гравче со мисиркин батак

Состојки

  • 500 гр грав
  • 2 главици кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 лажица мелен црвен пипер
  • 2-3 лажици брашно за запршка
  • 1 лажица мешан сушен зеленчук (зачин)
  • 2 ловорови листа
  • прстофат оригано
  • 1 мисиркин пушен батак
  • околу 100 мл масло

Подготовка

1. Гравчето го вариме со ситно сечканиот кромид. Откако ќе се свари го претураме во тава за печење.
2. Ја спремаме запршката. Прво го пропржувам брашното малку да испари од него влажноста, ама да не ја смени бојата. Па ставаме масло за запршка и го ставаме ситно сечканото лукче да пушти мирис и тоа малку да се пропржи, на крајот ставаме мелен црвен пипер.
3. Ја истураме запршката во тавата и додаваме вода (обично ја ставам водата во која се варело) ако треба, да го прекрие гравчето. Ги додаваме зачините.
4. Месото го вадиме од коска, на помали парчиња и го распоредуваме по тавата.
5. Ја уклучуваме рерната на 220 степени. Ја обично го печам со затворен капак.

Гледам да ја исклучам рерната кога ќе има уште течност, за да не се пресуши гравот, бидејќи знае да си ја впие течноста, а и така е пософт.