Зелка со колбаси на мојот начин
Состојки
- 1 зелка
- 500 грама колбаси
- 500 грама крем за готвенје
- 1 лажица мешан сув зачин
- малку сол и пипер
- 1 лажица црвен пипер
- 1 гранче магдонос
Подготовка
Колбасите ги пржиме.
Зелката ја сечеме на ситно и ја додаваме кај колбасите да се пржат заедно.
Ставиме сол, пипер и мешан сув зачин.
Кога ќе се испржи зелката додаваме црвен пипер, крем за готвење и пржиме уште 5 минути. На крајот додаваме ситно сечкан магдонос.
Сервираме во чинија и украсуваме со магдонос.