Пилешки ролатчиња во бел сос
Состојки
- 400 гр пилешки гради
- 100 грама печурки
- 1 главица кромид
- 500 грама крем за готвење
- 1 лажица мешан сув зачин
- 2 лажици брашно
Подготовка
Пилешките гради ги сечеме на мали стекови и чукаме со чеканче, ги посолуваме нанесуваме црн пипер.
Печурките ги пржиме со кромид.
На месото ги ставиме печурките, ги виткаме во ролатче и ги стегаме со чепкалка.
Направените ролатчиња ги вариме во вода со мешан сув зачин.
Сварените ролатчиња ги вадиме од вода, ги вадиме чепкалките и ги враќаме назад во водата.
Неутралниот крем размешајте го со 2 лажици брашно и истурете го во ролатчинја.
Нека поврие се уште 5 минути.
На крај ставаме ситно сечкан магдонос.
Многу убаво одговара со пире.
Добар апетит.