Посни лиснати кифли
Состојки
- Тесто
- 500 мл потопла вода
- 150 мл масло
- 1 квасец
- 1 лајче шеќер
- 2 лајчина сол
- 1 кг брашно
- За премачкување
- 250 гр маргарин
- по потреба топла вода
- по потреба сусам
Подготовка
Квасецот се расвара во малку вода и брашно и се остава да надојди.
Во сад се ставаат водата, маслото, шеќерот, солта, квасецот и со додавање на брашното се замесува не лепливо тесто. Потоа се остава да одмори 10 - 15 минути.
Тестото се дели на 4 дела.
Се зама еден дел и се дели на 6 топчина. Секе топче се расукува во мала коричка и се мачка со маргарин (претходно омекнат за да може да се мачка на кората), се реди друга коричка се мачка со маргарин и така со сите 5 кори, а последната не се премачкува.
Потоа се сучи една голема кора дебела околу 2-3 мм.
Се сечат 16 триаголници и се виткаат кифли. Се редат во плех обложен со хартија.
Истата тостапка се повторува и со останатите 3 дела тесто.
Откако ќе се направат сите кифли со четче се мачкаат со топла вода, се наросуваат со сусам и на секоја се става по малку маргарин. Потоа се вклучува рерната да се загрее на 200 степени. Се ставаат да се печат околу 20- 25 минути или додека добијат кремаста боја.