Торта со карамел фил
Состојки
- За пандишпан
- 8 јајца
- 10 лажици шеќер
- 8 лажици брашно
- 1 прашок за пециво
- За фил
- 2 кесиња пудинг карамела
- 500мл млеко
- 5 лажици шеќер
- 300гр мелен бисквит
- 125гр маргарин коцка
- 200гр лешник
- 3 лажици шеќер за лешникот
- 200мл слатка павлака за декорација
Подготовка
Во духот на вистинската храна и практични рецепти овој пат решив да ви претставам торта со карамел фил.
1. Делете ги јајцата во еден сад белки во друг жолчки
2. Со миксер матете ги белките и постепено додавајте од шеќерот матете додека да се растопи шеќерот.
3. Матете ги жолчките со миксер додека да ја добиат потребната цврстина и потоа додајте ги во белките.
4. Матете повторно додека да се соединат на крај додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте со лажица.
5. Смесата распоредете ја во два исти правоаголни или четворни плеха кои претходно сте ги обложиле со хартија и премачкале со зејтин.
6. Печете ги одделно на температура од 200С околку 5-6 мин.
7. Во тенџере на оган растопете го шеќерот и додајте 400мл млеко, а 100 мл измејате ги со прашокот од карамела.
8. Откако ќе се соединат шеќерот и млекото додајте ја смесата од карамела и мешајте додека ја добиете потребната густина.
9. Во друг сад на оган растопете ги 3 лажици шеќер и додајте ги лешниците во садот промешајте и смесата растурете ја на алуминиска фолија. Откако ќе се оладат измелете ги во кујнско сецко.
10. Во еден сад изматете го маргаринот и додајте ја изладената смеса од карамела потоа додајте ги мелениот лешник и мелениот бисквит.
11. Изладените пандишпани делете ги на половина така да добите 4 теста.
12. На некој сад ставете едно тесто, па нанесете фил, па друго тесто, па пак фил постапката повторете ја со 4-те теста и на крај изфилувајте ја целата торта.
13. Декорирајте со слатка павлака по желба. Добар апетит...
Забелшка-Ако филот ви е многу густ додајте малку млеко.