Испечати

Куглов со крем сирење и портокал

Куглов со крем сирење и портокал

Состојки

  • 250 гр. крем сирење
  • 125 гр. маргарин
  • 5 јајца
  • 200 гр, шеќер во прав
  • 1 кесичка ванила
  • 200 гр. остро брашно
  • 100 гр. меко брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажичка рум
  • 1 портокал

Подготовка

За овој рецепт да биде забележан пресудна беше една преубава фотографија - значи го видов кај пријтелката Ветеран., го спремив, па овде на ваша услуга...
- Најрпво се топи маргаринот и одложете настрана да олади.
- Се делат посебно жолчките и белките
- Белките се уработуваат во снег
Потоа почнувате да ги матите останатите работи
- Крем сирењето, ванилата и шеќерот пенесто се изматуваат со миксер, се додаваат жолчките една по една матејки околу половина минута секоја жолчка.
- Во изматената смеса се додава сокот изренадата кора од портокалот, се меша, се додава изладениот маргарин, румот и уште малку се промешува со миксерот.
Се додава брашаното измешано со пецивото, се промешува и со лажица се додава сматената белка и се се продолжува со лажицата да се меша се додека не се изедначат односно измеша снегот од белките со предходната смеса.
- Калапот се намрснува и побрашнува, се истура добиената смеса, се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 45 мин.
- Проверете на наш класичен начин дали е печено, со чепкалка, ако ислзезе сува  тогаш е готово.
- Извадете од рерната и сочекајте убаво да се излади, па тогаш вадете го кугловот од модлата.
Посипете со шеќер во прав и служете.

Забелешка
- Доколку печете во силиконската модла - нема потреба од намрснување и побрашнување.
- Овој куглоф знае да ја каже приказната за својот вкус наредниот ден-феноменално
- Спојот на портокал и чоколада знаете дека е одличен, не двоумете се доколку сакате да направите чоколадна глазура и наместо шеќер во прав - слободно залијте со глазурата.
- Доколку немате крем сирење (а да си направите - има овде рецепт) тогаш заменете со пресно сирење, а мој совет ви е квалитетна несолена урда.
За следниот пат ке пробам да ставам прецедена кисела павлака наместо крем сирење (онака од радозналост), па ќе се вратам овде и ке кажам дали е успешно.