Испечати

Маковњача

Маковњача

Состојки

  • 250 мл млеко
  • 500 гр брашно
  • 1 квасец
  • 70 мл масло
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 лажица шеќер
  • 2 јајца
  • фил
  • 200 гр мелен афион
  • 2 ванили
  • 500 мл млеко
  • 200 гр шеќер
  • 125 гр маргарин

Подготовка

Прво се остава квасецот со шеќерот, млакото млеко и малку брашно да втаса.
Се додаваат останатите состојки и се замесува средно тесто.
По потреба се додава уште малку брашно.
Во тенџере на оган се налива млекото, се додаваат шеќерот, ванилите, афионот и се вари се додека филот не се згусни.
На крај се додава 125 гр маргарин и кора од лимон.

Втасаното тесто се дели на 3 дела.
од секој дел се сучи коричка се премачкува со фил, се витка во ролат.
Се оставаат да киснат 15 минути, па се печат да заруменат.