Цветна солена погача
Состојки
- 1 квасец
- 1 лажиче сол
- 1,5 лажиче шеќер
- 1 јајце
- 50 мл масло
- 250 мл млако млеко
- 500 гр брашно
- 70 гр маргарин
- кечап, оригано, ленено семе, мелени семки од тиква и сончоглед
- 1 јајце за премачкување
Подготовка
Прво се остава квасецот со шеќерот, млакото млеко и малку брашно да втаса.
Потоа се додаваат солта, јајце,брашното, маслото и се замесува средно тесто.
Се дели на 4 дела.
Од секое топче се расукува мала коричка.
Трите корички се премачкуваат со маргарин.
(јас згрешив, механички ја премачкав и 4, ама ја ставив од другата страна, се гледа на сликата)
сега на првата коричка се става кечап и 1 лажиче оригано.
На втората кора се ставаат мелени семки од тиква и сончоглед.
на третата кора се става мелено ленено семе.
Четвртата кора е без ништо.
Врз хартија за печење прво се става кората со ленено семе, врз неа кората со кечап, врз неа кората со семки.
Најгоре се става четвртата кора.
Се притиска нежно со раката и во средината со помош на чаша се означува центарот.
Се засекува на 12 парчиња.
Секое парче се свртува и се поставува бочно. Се става заедно со хартијата во тавче за печење
се премачкува погачата со јајце, се наросува по желба со сусам, мелени семки и се остава да кисни 30 минути и се печи.
Вкусен и личен доручек со чаша јогурт и сирење.
Секако дека изборот може да биде и ваш, за наросување на коричките.