Мојата најнајубава Бајадера
Состојки
- 400гр. мелени ореви
- 300гр. шеќер
- 18 лажици вода
- 120гр. маргарин
- 250гр. мелени бисквити
- 200гр. чоколадо
- 5 лажици млеко
Подготовка
Шеќерот со водата ги зовриваме и потоа го додаваме маргаринот.(100гр.)
Ја тргаме смесата настрана и ги додаваме бисквитите и оревите. Ја делиме смесата на половина и во едната половина додаваме 100гр.топено чоколадо, а другата останува бела.
Во калап прво ја ставаме белата смеса, а над неа црната смеса и потоа ја ставаме глазурата од 100гр.чоколадо, 20гр.маргарин и млекото.
Моето најнајубаво благо.