Црвена паста со пилешко и нане
Состојки
- За сос
- 2 парчиња пилешки стек
- 2 моркови
- 250 мл доматен сос
- 1/2 лажиче сенф
- 1/4 лажиче мешан зачин
- 4-5 ливчиња суво нане
- 2 лажички кисела павлака
- по вкус сол и бибер
- малку масло
- И уште
- 250 гр тестенини
- по желба рендан кашкавал
Подготовка
Тестенините ставете ги да се варат во поголемо количество посолена вода. Кога ќе бидат сварени, исцедете ги и ставете ги во чинии.
Морковите исечкајте ги на тенки кругови и ставете ги да се пржат на малку масло. Месото исечкајте го на коцкички, додадете го кај морковот и пржете додека додека не фати боја. Зачинете со мешаниот зачин, сол и бибер. Потоа додадете го доматниот сос, сенфот и ситно издробеното нане и оставете го сосот да крчка додека не добие малку на густина. Кога ќе биде готов тргнете го од огнот и промешајте ја киселата павлака. Ставете го сосот врз сварените тестенини и по желба изрендајте кашкавал одозгора.
Пријатен апетит