Испечати

Домашни лиснатици

Домашни лиснатици

Состојки

  • 1кг. брашно
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажичиња сол
  • 2 лажици винска киселина
  • 2 жолчки
  • малку млеко или водичка за разматување на жолчките
  • по потреба минерална вода или обична вода
  • 500гр. маргарин
  • 2 белки

Подготовка

Години наназад ги подготвувам по овој рецепт и не мислам да го сменам...Се разбира, ако не дојдам до некој рецепт кој повеќе ќе ми биде успешен...

Во просеаното брашно се додаваат шеќерот, солта, киселината, жолчките разматени со малку течност (тоа е за да не ни останат жолти точки во тестото) и се замесува со топла минерална вода. Убаво се меси тестото, едно 10-на минути. Тестото не треба да биде многу меко, средно, бидејки можи при печењето да не збуфнат. Се премачкува малку со масленце и се остава да одмори 10 минути.

Вкупната количина на маргарин се дели на 3 дела. По 1/3 се користи при секое премачкување. Од целото тесто со помош на оклагија се отвора правоаголна кора и се премачкува убаво со маргарин. Се дипли во форма на плик.
Значи од двата краја, горен и долен кон средина. Се премачкуваат повторното со маргарин. Сега и левата и десната страна одат кон средина и тие се премачкуваат. Се така се дипли и мачка додека се образува мало правоаголниче. Овој пат немав време тоа да го фотографирам, се брзав, ќе ми простите. Се става во комора за длабоко замрзнување да отстои 30 мин..

Постапката се повторува уште 2 пати.

Четвртиот пат се пресекува 1/2 половина од тестото и таа се работи, а другата останува во фрижидерот.
Се отвора правоаголна кора со дебелина од 1 прст и сечете форми какви што милувате. Се редат во малку намрсен плех. Се премачкуваат со благо разматените белки.

Се печат во 5 мин. загреана рерна на 200 Ц.степени и тоа 10 мин. на 250 степени и 10 мин. на 220 степени.
Доколку одлучите да направите стапчиња-фурки нив печете ги 17-на минути на 220 степени или направете го тоа према вашата рерна.
Додека се печат овие, ги подготвувате лиснатиците од другата половина на тесто.

По печење завиткајте ги во памучна крпа додека целосно изладат, а потоа соберете во најлонска кеса да не се сушат.

На здравје!!!