Испечати

Маргарин со лук и магдонос (посно)

Маргарин со лук и магдонос (посно)

Состојки

  • 250 грама маргарин
  • 1 главица лук
  • 1 китка магдонос
  • пола лажиче сол
  • 1 мало лажиче црвен оцет

Подготовка

Ова повеќе е идеја отколку рецепт и знам дека ќе им се допадне на тие што сакаат лук.

1. Маргаринот го оставаме на собна температура. Лукот го лупиме и го ставаме во сецко заедно со солта, магдоносот и оцетот и сецкаме(слика). Доколку имате блендер можеби со блендер ќе е подобро, но јас немам и го користев сецкото.
2. Во посебен сад го ставаме маргаринот и смесата од сецкото и убаво мешаме со лажица да се соедини. (слика)
Го враќаме во кутивчето од маргарин и го чуваме во фрижидер.

НАПОМЕНА
1. Од сликата може да видите дека се гледаат парчињата лук. Доколку ги блендирате јас мислам нема да се познаваат. Мене касно ми текна, требеше можеби и да ги истолчам во толчник.
За оваа количина намазот има многу интензивен вкус на лук. Доколку сакате лук, но не премногу ви препорачувам да ставите пола главица.

Како и да е намазот е превкусен на топло лепче и баш дента се погоди дома имавме јагнешка супа и комбинацијата беше ПРЕКРАСНА.

П.С На интернет видов клипче како најлесно да го излупите лукот и ова ми беше шанса да видам дали е вистина и УСПЕВА да ви кажам, Ќе ставам линк долу во коментарите а имам и слика како доказ дека успева.
На здравје!