Студентски шпагети
Состојки
- 400 грама шпагети
- 1 лажица маргарин (30 грама)
- 1 кесичка сенф
- 1 кесичка мајонез
- 1 кесичка кечап
- зачини оригано,сол,мешан сув зачин
Подготовка
Додека студирав овие шпагети ги правеше цимерката моја. Многу се лесни за правење, а и вкусни се.
1. Ги вариме шпагетите според упатството на кесичката. Ги цедиме од водата и во тенџерето во кое се вареа го ставаме маргаринот да се стопи и ги додаваме шпагетите, кечапот, мајонезот, сенфот и зачините и мешаме додека се се соедини.
И готови се.
Напомена
Јас од сите сосови ставив по пола кесчка. Доколку сте љубители на некој сос посебно, на пример сенф, ставете повеќе. Или направете ги со од сите сосови по пола кесичка, па кој сака посебно ќе си дотура во чинијата. Јас на моите обавезно додавам лут буковец.
На здравје!