Колачи со ресани и кикирики
Состојки
- за ролат со ресани
- 200гр. мелени бисквити
- 100гр. мелени и печени лешници
- 100мл. врело млеко
- 50гр. шеќер
- 5 лажици путер
- 200гр. ресани
- 100гр. чоколадо
- за триаголници
- 150гр. мелени и печени кикирики
- 6 лажици слатко од јагоди
- 200гр. мелени бисквити
- 80мл. врело млеко
Подготовка
Лешниците, бисквитите(200гр.), млекото зовриено со шеќерот и путерот се мешаат зеадно.
Кога сместа малку ќе излади се сучи кора и над неа се редат ресани. Се витка ролат се остава да се стегне (најдобро 2-3)часа и потоа се чоколадира и се сечат парчиња.
За триаголниците постапката е следната-кикириките и (200гр)бисквити ги попаруваме со млекото и мешаме. Потоа го додаваме слаткото од јагоди и смесата ја истураме во калап обложен со најлонска фолија. Го оставаме да се стегне и чоколадираме.
За овие колачи можете да употребите било какво слатко.