Видео рецепт: Колач од пилешко бело месо
Состојки
- 500 гр. пилешки гради
- 200 гр. тенко сечена чадена сланина
- сенф за премачкување
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 120 гр. рендани моркови
- 80 гр. рендан кашкавал
- 1 јајце
- 1 рака сечкан магдонос
- Ќе ви треба и:
- сол, бибер и маслиново масло
Денес ќе готвиме заедно со Невена, готвач член на нашата веб-страница. Невена ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Колач од пилешко бело месо.
Шарен колач од пилешки гради, со фил од моркови и кашкавал, обвиткан во сланина. Едноставен рецепт, со многу вкусен и декоративен резултат!
Подготовка
Чекор 1: Ќе започнеме со подготовка на месото. Пилешките гради исечете ги на тенки парчиња и исчукајте ги со чекан. Зачинете ги со сол и бибер, и намачкајте ги со сенф.
Чекор 2: За подготовка на филот, најпрво изрендајте ги морковите и кашкавалот, и исечкајте го магдоносот. Измешајте ги во сад за матење, заедно со јајцето.
Чекор 3: Калапот за векни на дното и од страните обложете го со сланината, и оставете малку да виси над калапот. Месото поделете го на три дела. Ставете го првиот дел, попрскајте го со малку масло, ставете половина од филот. Потоа ставете го вториот дел од месото, па масло, останатиот фил и на крај третиот дел од месото. Преклопете ја сланината од горе.
Чекор 4: Ставете го да се пече на 200 степени околу 1 час.
Печениот колач превртете го, и оставете го малку да излади.
Чекор 5: Сервирајте го со прилог и салата по желба!
СОВЕТ: За уште пошарен колач, во филот може да додадете и една рака грашок или сечкани кисели краставички!