Парени кокосовки со павлака
Состојки
- 1 јајце
- 150мл кисела павлака
- 150мл зејтин
- 200гр кокос
- 250гр маргарин
- 600-700гр брашно
- 1 лажица кора од портокал
- 1 пециво
- 100гр шеќер
- шербет
- 800гр шеќер
- 700мл вода
- 2кесички ванилин шеќер
Подготовка
Едноставни за подготовка, економични, вкусни...
Јајцето со вилушка се разматува со павлаката, зејтинот и шеќерот.
Кон оваа смеса се додава маргаринот исечен на потенки парчиња (за полесно да се соедини во смесата).
Се додава и кокосот и половината од брашното измешано со пецивото. Се меси со постепено додавање на преостанатото брашно. Потоа се остава тестото да се одмори 10 минути на поладно или во фрижидер.
Од тестото се зема колку орев, се расплескува, се става оревче во средината и се собира во форма по желба (топче,торбичка,ролничка)
Вака направените колачи се редат во подмачкан плех и се печат околу 25-30 минути на 180 степени.
Шербет
Водата се става да врие со шеќерот и врие 10 минути. Се трга од шпорет и се додаваат ванилите.
Колачите да здивнат, да се подоладат и се попаруваат со исто таков шербет.
Попарените колачи се поросуваат со кокос.
За полнење на колачите може да се употреби и друго суво овошје или свежи вишњи.
Кората од портокал не е задолжителна, но дава убава арома.